Крафт пиварница · Битола · Македонија

Пипукни

Семејна пиварница во Битола. Битоланер е pale ale од 5,2%.

Уште не сме отворени. Оваа страница е тука за да се знае што доаѓа.

Пи нема крај. Ни жедта.

Од каде името

Пи, пукни

Кај нас во Битола, кога некој седи цела вечер, пие и пие, и сепак бара уште едно, му го подаваш пивото и му велиш:

Еве ти. Пи, пукни.

Не е навреда. Така се зборува меѓу луѓе што се знаат.

Човекот што не може да се напие, тој ни е целата идеја. Не сакаме да ве убедуваме дека пивото ќе ви го смени животот. Сакаме да биде доволно добро за уште едно.

Знакот пи не е случајно таму. Пи е број чии децимали немаат крај. Лентата погоре не е украс, тоа се вистинските децимали, и продолжуваат и по неа.

Што ќе има на чешма

Уште нема што да се пие

  1. Битоланер 5,2%

    Pale ale. Има име, има стил и јачина. Останува уште да се точи.

  2. Следното местото чека

    Постои во глава, не во котел. Кога ќе биде во котел, тука ќе му стои името.

Кога ќе има што да се пие, овде ќе пишува и каде може да се проба.

Кои сме

Тројца, едно презиме

Пиварницата ја водат Анто и Ана. Драго, таткото, се грижи за секојдневното работење.

Битолски

На Широк Сокак пиво се пие и на десет степени

Во Скопје на тие степени веќе го пуштиле греењето. На два степени тука уште се расправа дали да се седне надвор или внатре. За тие маси го правиме пивото.

Успич
Многу далеку. Битола не е успич, само така изгледа од Скопје.
Фушарско
Од лош квалитет. Тоа е зборот што не сакаме да го чуеме за нашето пиво.
Кабадаја
Мангуп на батерии.
Да си дајш
Да частиш. Најубавиот глагол во речников.
Бооооо
Мерна единица за количина на глупост, така стои во речниците. Ама не оди само за глупост.
Шубо
Убаво. „Боо шубо е пивото.“ Тоа е најкратката оцена што сакаме да ја чуеме.

Речников не е измислен. Така се зборува.

Јави се

Кога ќе тргне, ќе знаеш

Уште нема адреса на која можеш да дојдеш и нема шише што можеш да купиш. Кога ќе има, ќе пишува овде прво.

Мејл и Инстаграм сè уште ги немаме. Кога ќе ги има, ќе стојат тука.

Мејлсе пополнува Инстаграмсе пополнува Каде смеБитола, точна адреса подоцна